префинетост,
немоќ,
принуден читател
на источна поезија,
една маргаритка
на козјите шепи.
еден далечен допир
едно доближување
што раката ги води
се до целта.
печени еребици,
препишани рецепти
зачинети со љубов.
еден војник пробува
со сласт.
светлина исчезнува во неспокој
еден војник,
еден подвиг
бдее врз воинот,
облеките
послани на стол,
денеска синот на продавачката на смокви
нема да оди во борба,
ова е ден за одмор
прогласен од Севишниот.