Црно е небото
и кошулите
што висат на жица
се уништени
од овој
погребнички неспокој.
На ова неверојатно утро
(половина небо
лее солзи со кофи, а на другата половина
две сонца пејат како трнарчиња)
Правам чекор.
Се прибирам.
Дабар
ми натежнува во левиот џеб
и дише под моите очи
едно јасно утро
со грбот сум свртен кон катранот
поделен во речни устија.
Се прибирам гледајќи го морето
распарчено како моето тело
на седум нееднакви дела.
Месечината нервозно талка
испушта чад низ ходниците
на океанот.
Градовите од азбест
блескаат како свеќи
во стресните раце
на покојните.
И јас чекам.
“Here is the sea
the sea into which
the smell of the cities comes to crash”
— V. Huidobro