дојди, љубен мој, да се самоубиеме
(сталактитите, во секој случај, ќе завршат еден ден на клада),
да искористиме тоа што сме во Етрета
и што имаме луксузен автомобил,
за да се фрлиме од еден нормандиски гребен;
и други, впрочем, го сториле тоа пред нас;
да го искористиме мигот, љубен мој, толку е едноставно:
се изјазуваме до најиздигнатите точки на брегот,
змиите, ќилими во тревата ги галат зглобовите на нашиот автомобил,
морските орхидеи се фатиле цврсто за карпите;
а сосема долу светкаат брановите сурови на Ла Манш
и на ѓаволскиот прозорец кој го задушува приливот;
ние умираме пијани од страст и од
песната на солените води;
рибарите, при одливот ќе ги влечат своите нозе
разјадени од школките и натопени од алгите
снобовите и понатаму роварат со своите елегантни јахти
кои што дигалките бесно ги повлекле на чакалот,
додека љубителите на силни возбудуваwа
ќе се преправаат божем спокојно читаат весник,
а алчно ќе го следат нашето паѓање;
дојди, љубен мој, да се самоубиеме,
шик е да се самоубиеме од стрмните карпи во Етрета
нурнувајќи се во брановите на воланот на луксузниот автомобил!
утре и нас конечно ќе н¡ има во весниците
впрочем, токму тоа сакав да му кажам на пријателот
Филозоф:
„За да живееш, треба да умреш!”