се разбира познат ми е вкусот на иглата што се забодува во вената
секој втор месец му нудам цијанозен
клун густата мрзелива течност
што ме населува
како што тивката река тече во лето:
ако бараш поет биди свесен дека
не сакам такви потоци
ниту поплави што се минуваат преку креветот и оставаат
лиги на хартијата.