Се заплеткувам во спомени.
во чувства и пловам.
Законите постојат,
Но мене ми се непознати.
Го гледам ветрот и маглата,
низ гранките.
Низ петуниите и стихови поезија.
На стариот филџан
нешто се собира,
и се исипува во мене.
Поетите се добри се додека пукаат,
како свеж аспарагус.