Луѓето беа лоши поети
а девојките раѓаа огромни копилиња.
тоа е крајот, реши Господ на небото.

и ниту една искра добрина не го осветли мошне темниот насип.
водата се слеа како водопад.

(не еден, си велеше
не сакам да формирам двојки
од сите животни и да ги натоварам во кајчето,
претпочитам да потонам.)