Таа вели овој нож е за неговите мадиња
Месечината крвави секоја вечер.
Таа вели овој нож е за долгата коса
што в зори ги мете улиците.

Ај, јајјајјај,
Не го сакам тој нож.
Не го сакам тој нож.
Ќе спијам крај реката. Ќе треперам
во млекото на мајка ми.
Не го сакам тој нож,
тој ужасен нож
што плаче со семе и путер
што плаче со крв.
Ај, јајјајјај, што плаче со крв.

Таа вели овој нож е за неговото срце,
што бие како на птица
и ù ги покрива градите со лаги.
Таа вели овој нож е за раката
што го држи, раката што го заборава.
Таа вели овој нож само го простува
лебот на масата, трошките на подот.

Не го сакам тој нож. Не тој нож.
Ај, јајјајјај.

Ќе спијам во пирејот со сестра ми.
Ќе ја покријам месечината со перница од крв.
Ај, јајјајјај,
Месечината со перница од крв.