Кршлив снег на сребрена зима,
Мугра на пролетта што иде.
Сончеви зраци распослани под моите нозе,
Мил од небо даден дар.

Вкочанет пејзаж во прозорецот.
Радосно одбројување на трепетот.
И нафрлана од искрен сон
Скица на некоја идна слика.