Убава, тенка, вечно млада,активна, модерна,
интелегентна, спортски тип, насмеана, независна,
возбудлива, посакувана, секогаш слободна,
расположена, сликата за западна жена е во секој поглед прекрасна
Поубава облечена отколку гола.
Но сликата, не можеш да ја допреш,
Возбудата ја задоволува,
Ја потресува, ја лаже
Дури не ја ни забавува.
Сликата на жената
можеш да ја засакаш, дури и да ја обожуваш, ако сакаш,
Но не можеш да се заљубиш.
Сликата може да те заведе но не
И освои
Сликата може да се преправи
Исто така да те поттикне
Но не може да се искористи
Сликите немаат задоволство,
Ни срам
Немаат вистинска смелост,
Ни храброст.
Сликите можат да зборуваат
Но не да мислат
Сликите немаат проблеми,
Планови
Не работаат
Не сонуваат не се борат
Тие се секогаш умни
Но јас кој живеам во западен
Свет
Каде владеат сликите
Познавам жена
(барем една)
Која не е слика