(Прва слика)

Три пеликани доаѓаат
Пеликани
Како парчиња снег
Три пеликани
Доаѓаат
за да ја позајмат облаците нивната боја
И за да исцртаат кругови како елиса
По површината на водата

Потоа за да го впијат
Мрзливиот звук на брановите
И потоа да се свртат
Кон утрото

(Втора слика)

Во млако кафе
Сред езеро
Дрвјата ги полнат очите со зелено
Се китат
Со ѓердан од нежни лисја
Создаваат ветре
Појас навезен со мирис на кафе

Што сонцето нежно го лула
Потоа го голта во просторот
Дрвјата сега се во полна убавина
Се огледуваат во езерското огледало
Се насмевнуваат
Го изговараат името Господово
Се исправаат, ја очекуваат
Средбата со месечината скриена
Зад љубовта

(Трета слика)

Еве го август
Како ги собира бисерите на потта
На површината на езерото
И исцрпен се потпира на гранките
Еве го отепан од јуришот на сонцето
Од влагата
И од децата кои на плажата
со нозе ги удираат топките од брановите
Еве го август како £ помага на топлината
За да му ја препушти на универзумот
Во присуство на есента