Троа повеќе пролетна тишина
Стежнала над покривите
Троа подолг утрински ѕев
Во постелата
Само огнот недоверлив
Во ламтеж
И со ритам срчен
Го навјасува зракот скуден
По таваните и стреите
Се искачува денот
Искрите се враќаат од небо
Сè уште мелат
Острите камења во небесните воденици
Излези и отвори ѝ
На премрзнатата земја
По дворовите без наметка
Што се шета