Со каква сила скокна во камената градина.
Го преврте атласот. Го расфрли плевелот.
Гонет од бесните богови.
Тој знаеше,
Знаеше за галаксиите,
За галаксиите што го палат сето наследство
Неговите цветни леи го одржуваа а огнот
огнот го хранеше.
Глината ги омекна ударите
Ударите на историјата
Историјата која раздаваше среќа
Ги чуваше поплавите под контрола
Поплавите кои ги голтаа леите со високи цвеќиња.
Кога цвеќињата одат под водопадите, се кршат.
Уште колку човек може да издржи!
Небесноста го окупира времето и повторно
и оној месец, мазен
И скршен.