Ѕидовите на нејзината соба се музика
Лебедова смрт оплакана на виолончело
Душевно ветре надвор
Болест на главата под волнени шапки
Бабичке, бабичке
Зошто имаш толку големи очи
Мечтаам многу мило мое дете
Мечтаам многу

Таванот на нејзината соба е море
Душевен дожд истура надвор
Печурки на јадот под босите нозе
Бабичке, бабичке зошто имаш толку голема уста
За да ја голтнам болката мило мое дете
За да ја голтнам болката

Во нејзината соба креветот има треска
Надвор црните овци се задишуваат
Бабичке, бабичке
Зошто никогаш не ме прашуваш за мојот длабок сон
Зашто ми се спие мило мое дете
На сите нù се спие
Спиј