Дур чекорам по осаменион пат
каде доцните вечери се шетаа под светлината од ѕвездите
Сега тивко се сеќавам, вака загубена….
Чувствувајќи се како твојот поглед да е зад мене…

Знам дека Ти, Ти, Ти, се криеш
зад Сонцето, штипејќи ми ја раната.
Погледни ме право в очи, надвор од твојот свет
сум како душа на вила од легендите
која те сака, те сака, те сака
бидејќи сум жена!

Те бркам за да не се скриеш…
зад сивото небо, зад месечината в болка…
за да кажам: дали чувствуваш дека те сакам?
Да, да, те сакам бидејќи сум жена.
Слушај! Ти, кој ја користиш машката моќ
те следам зад кои и да било месечини,
зад кои и да било сонца, во кој и да било агол од Земјата
ниту се грижам за кои било богови од небото,
зашто те сакам, те сакам, бидејќи сум жена!

Се поклонувам over погледот од твоите очи
Како нејак заробеник на крајот од животот
Твоите диви очи, како детска смеа
се онесвестуваат при реткото дишење на вечерите
над водопадот над виолетовиот кревет.
Заслепувачките светла се повлекуваат кон темнината…
горат под звуците на офкањето…
обврските бледнеат во нивното пеење….
Те сакам, моја душо, те сакам, бидејќи сум жена…
Моменти од древна интимност…
ноќта завива над удавените бранови…
каде си ја црташ душата
врз огледалото од водопадот…
Те сакам, моја душо, те сакам,
Те сакам затоа што сум жена!