о висока тензијо
ти успеваш да си поигруваш со нас
наведната над, за да
се приковаш во една точка

кловнот од оперета
се изгоре од сонцето
нешто подоцна од што би сакале
пијанството настапува
________________________
па така тензии се подигаат
треба да си го издуваш носот, осушено овошје
набрчкан изџвакан
и од кој каша се цеди

по тој ред, она што на божицата
не и одговара кај смртникот е
гадната миризба што таа ја здоби
преку себе-запоставување
________________________
тензиите ќе се подигнат доколку
се залудиш
од парадентоза –истрошените
кои ја џвакаат, старата добра потсвест

што остана втиснато беше привлечноста
не за вообичаените безвезности како
бабабум-бабабам, туку за конкретното
последователно биење на тапаните што беше отфрлено
________________________
тензиите се подигаат со зависта
усрани цигли таму
каде прикриено помиите
во помии се исфрлаат

раздробени коски
набиени во погрешно грло, се уште живи и клоцаат
во придружба дворската луда
замотана во сопственото тра-ла-ла
________________________
тензиите ќе се подигнат кога зракот
на рефлекторот ќе згасне, со нападите
што ненадејни удари шират
како облаче на хематом

потполно празноглавиот
доби некаков разум набиен во главата, и сите очи
ги сврте кон себе со удирање на боксерската вреќа,
а тупаницата се одби од истата
________________________
тензиите ќе се подигнат со времето
кашесто, завивањата на точкастото куче,
розовиот јазик
што станува груб на допир

во моментот на лижењето
непознати нешта, тие собраа
алкохоли со заедничка согласност
без свиткување на рацете
________________________
повишените тензии се под закана
од гневот на суштество од повисок вид
или женска смеа што собира сила
од навиката за беспомошност

да согледа од каде е отсечен
убавото парче е доволно
да ги измазни несогласувањата за местото на разделба
дури и надвор од непотребното