Точно е 18:00 часот во Минеаполис.
Во салата за осомничени сме јас и една полничка црнка.
Таа внесува „храна, змии, инсекти“ во САД.
А јас сум сиромашна мома за мажење.
Господинот Каи ме гледа оддолу в очи.
Ја отвора мојата чанта полна со чеиз,
Во неа се белее сомнителен ракопис.
Сака да знае чуму ми се 200 листа хартија испишани на чуден јазик.
Тоа е фасцинантна реконструкција на животот
На нашиот Спасител, си велам себеси.
Се тресам, се препотувам.
Ја прифаќам улогата на невеста-терорист.
По еден час ја отклучуваат вратата.
Насекаде мириса на палмино масло.
Стапалата, до глуждови, пропаѓаат во аеродромскиот тепих.
Ги отфрлам железните протези од татковината и
тонам во розовата милост.

Превод од хрватски јазик Никола Кукунеш