Со ползење
доаѓав на неочекувани места
како неочекуван симбол
на ладен магнетизам.
„А што ако најпосле главата
ми настине од ѕидот,“
убедливо ме обзеде
ретко чувство на еурека,
суров, прониклив
филм
што тешко се гледа
без концентрација.
Дали поради тоа што сè уште не сме
целосно опремени,
што сè уште чувствуваме
дека нешто тивко
излегува од ѕидовите?
Нешто што може да се почувствува
само со најстарите
делови од мозокот
кога тука сме доаѓале,
неколку илјади чекори наназад,
секој за половина чекор поинаку наместен.
Бевме токму такви,
дефинирани со најстарите
делови од мозкот –
ти со твоите, јас со моите
а сега си читаме
под една хемисфера
на ламбата.
Ти понекогаш ја имаш
сосема блиску до челото,
јас пак, до увото.
Го читаме под истата ламба –
јас своето, ти своето.
Под иста ламба,
но со прстите
понекогаш буричкаме –
јас во твоето, ти во моето.
Сè уште сакаме да се допреме,
– раката на рака да наиде.
Заедно да станеме подобри.
Тука сме,
без хемиски траги
од прстите.
Размислувам за врската,
меѓу галењето и
напипувањето на ѕидовите,
на она што доаѓа до мене
со твоето галење
и дали од него може да се настине.
Да се настине до разбудување.
Дали главата може да помине низ ова
со својот тврд ѕид
без да настине?
Дали чувството од телото да излезе може
и без горчливите бели солзи,
што понекогаш галењето го стигнуваат?
Кога главата ми оладува,
дали може барем да ти намигнам?
Тогаш, дали чувството од телото да излезе може?
Превод: Славица Гаџова Свидерска