Пред да излезам од автобуската станица
и да погледнам лево, си го
претресов памтењето за ситниците останати
да ги подзачувам, а камоли да ги носам.
Имиња на реки, исчезнати улици,
твоите раце, ветувањето што им го дадов
кога очите ти ги одбегнаа моите, кои пак се загледаа
во шарката од плочките кои не се споредуваа
со развлечениот чекор на долгото, бавно заминување.
Препев: Горјан Костовски