Се разбира, ова сум го видела на сон,
почнуваме да јадеме, а
го демнеме секое туѓо движење
крајј масите. Како се пробиваме во
тивкото возење дома, и во чашата
вино во полумракот. Треба
да ти кажам, велам, но сигурно
веќе знаеш. Смрзнат миг:
тишина и самрак. А потоа:
Sunt lachrimae rerum. Со тон
што не може да ја убеди ни месечината.
Има солзи во нештата. За кратко
очајна сум да кажам, не, не,
да се вратиме кај што бевме пред
првата мисла. Ама така си оди.
И секој пат се прашуваме, во
ваквата магла, потемна од црно,
поцрна од сè, зошто на крај
секогаш сè се сведува на ова.