Заситен од случајност е дождот, во матката на облакот
Како што одврзани рацеве
стануваат вода, поплава и река
човек се труди да разбере
Разбирањето е еднакво на смрт

Дека ќе умрам,
ќе умре дрвото-роза и градот
ќе поминам крај своето тело
што е мост меѓу овде и таму

душата што се ферменира во капка вода
како само разбива мембрани
Станува пат, се губи, а отровот
напорно се бори да се спаси
спасот е ист како и да си зграпчен

нели се тече
тече и огладнува за мрак
нели тие што живеат ти велат да знаеш
но знаењето ме зграпчи

Бојата на животот е чиста тага