Остануваат прашинки од љубовта,
Секогаш.
Зашто прашинките секогаш се креваат.
Не може за навек да исчезнат.
Тие не стиrnуваат.
Љубовта се обидува да замине,
Демек.
Ќе збрише, во наметка некаде далеку,
Ќе ти го распори срцето, ќе го расече,
И остава прашинки.
Имаш право да не љубиш,
Да напушташ,
Да се лутиш …
Да не се јавуваш,
Кај некој друг да брзаш.
Како и да посакаш да фатиш магла,
Да најдеш излез, машки,
Прашинките ќе те заплиснат,
Ќе паѓаат врз тебе.
Превод: Никола Кукунеш