Дали поетите може да го сменат светот?
-Готфрид Бен
Дали поезијата
Пред сѐ, е континет
Или океан?
Постојат ли повеќе напишани
Или повеќе ненапишани поеми?
Колку чини
Создавањето на
Една поема?
Која поема кажува повеќе за својот автор:
Првата или последната?
Со колку поеми месечно
Едно просечно четиричлено
Семејство излегува на крај?
Треба ли во една поема
Да го има сето она.
Што го има во весник,
Или сето она
Што го нема во весникот?
Кои зборови сè уште
Не се појавиле во
Некоја поема?
Ако ставиме
Збирка поезија
На вага,
И таа тежи 300 грама,
Дали притоа се мисли на
Тежината на хартијата
Или на тежината на поемите?
Кој е антонимот од
Поема?
Дали поемите
Пред сѐ, се гласни или
Тивки?
Колку стари поеми
Одговараат на една нова?
А колку нови на
Една стара?
Во што се состои разликата
Помеѓу поема со наслов
И поема без наслов,
Ако го исклучиме тоа,
Дека едната има наслов
А пак другата нема?
Каде се наоѓа
Рокот на траење
Кај една поема?
Можно ли е,
Да се продолжи една поема
По истекот на своето време?
Можат ли поемите
Да оживуваат мртви?
Има ли една поема
Повеќе или помалку живот
Од една мачка,
А колку животи има
Една мачкина поема?Може ли
Да се вакцинираме
Против поеми?
На каде уште треба да
Водат поемите?
Каква е можноста,
Една поема,
Којашто мора да се научи напамет
Повторно сосема да се заборави?
Како може поемите
Да се одбранат,
Од стуткување во антологии?
Кои се предусловите,
За една поема да
Стане најомилена поема ?
Можат ли поемите
Да се размножуваат
Со самоопрашување
Или за тоа секогаш им
Е потребна поема наместо пчели?
Мора ли една љубовна поема
Да биде добра во кревет?
Кои љубовни поеми
Се подобри:
Тие пред или тие потоа?
Дали љубовните поеми
Се лични или
Се произволно преносливи?
Кога најдоцна
Мора да заврши една кратка поема,
Ако не сака да биде од опасност,
За да се задржи
Некоја долга поема?
Можат ли поемите
Вештачки да се создадат?
Колку најмногу поеми смее
Да се прочитаат,
Кога уште и мора да се вози кола?
Како си се спречуваат
Поемите?
Чувствува ли поемата,
Кога е испругана од мантил
На книжевна приказна?
Треба ли поемите
Да се надополнат
Со додатокот
„ пречкртајте го неточното“?
Смеат ли поемите
Да го негираат исказот?
Треба ли да се отфрлат
Поемите кои се дават ?
На што потсетуваат
Незаборавните поеми?
Ги застапуваат ли
Политичките поеми
Интересите на
Неполитичките поеми?
Колку мора да биде добра една поема,
За да се забрани?
Изветреани поеми,
Кога книгата ќе остане
Отворена предолго?
Дали Земјата е
Единствената планета,
На која се појавуваат
Поемите?
Треба ли
Да се користат поемите
Во кризни подрачја?
Дали е обезбедено
Снабдување со поеми
На населението?
Дали има резерви на поеми
За итен случај,
И за колку долго
Ќе бидат доволни?
Колку долго
Може човек да
Преживее без
Поеми?
Превод: Зоран Радически