Пречекорив низ пепелта од оган, под
лушпи од јаглен. Некој тука
ги пречкртал зборовите, контурите, закачен
од нишката на зората на работ
со повторното одвивање на знаменцето на пловката,
дршки на весла натрупани на брегот.
Седејќи во близина, сè уште ја чувствувам топлината на песокот,
благосостојбата подарена во глуво доба
со поставен елек наместо воздух и кожа.
Не разбирам ништо повеќе од ова:
Сретнав и заборавив многу мажи
и жени низ годините, Ги видов нивните деца
созреани и нивните канцери, кога заморот
содржан во тривијални детали на неочигледна
заинтересираност, како античка
облека во многу живи бои,
или предно седиште пренатрупано со отпад
за да биде барем хипотетички населено од некого.
Мажите и децата ќе дојдат
на оваа плажа: со искрена насмевка,
и едно не за сето ова нема да стане
вистинско не: остатоците од ракчињата
се половина ветар веќе, невидливи и стварни
како љубов, како хромозоми.