Погледнав во огледалото
Откако сум на Земјата, остарев неколку милениуми.
Лавата одамна престана да тече; цртите ми се стврднаа во магма.
Долж текот на линијата на устата гранитот и гнајсот пукаат.
Диносаурусите изумреа од моите очи; дури и континентите
веќе не се приближуваат. Во очните јаболка ми лежат наслаги варовник и доломит.
Ова е крајот. На лицето, попрскано со ситни острови, дамките
од океани полека тонат: домот на коралите, на калцифицирани полжави,
школки, јастози. На слепоочниците, набори од планини.
Откако сум на Земјата, изгубив минимум енергија,
топлотната спроводливост не ми е како порано, и од неодамна ми се
јави некакво магнетно пореметување. Ова е крајот?
Во клетките, се насели радиоактивен отпад; процесот,
се чини, не може да се поправи. Кажано механички:
непоправливо. Ова… е… крајот. Ова можеби е последната
т е к т о н с к а насмевка како што се соочувам со Времето.
Сам, со недовршена работа, сепак со древна веселост стојам
пред огледалото на создавањето, чекам упатства, ако воопшто има,
Боже.