Нешто потполно проѕирно,
да гледаш внимателно кон истото.
Да знаеш дека е тука,
а сепак да не го гледаш..
Очите се чувствуваат измамено.
Дали функционираат
oдеднадеж се јавува сомнеж.
Тие се двоумат помеѓу она што е стварно
и она за кое треба верба дека постои.
Ова е чудна дразба.
Да гледаш низ нешто
додека чувствуваш дека нема ништо.