остави сè,
телото
и алатките
на телото
остави ја гладта
на работ на чинијата,
водата во стомната
жедта меѓу усните
остави ги очите
врз ноќта
остави ја кожата
надвор од нејзините брчки
остави ги чаршафите да висат
на нишка
остави
остави ја прашината
помеѓу зборовите
остави ги рацете
на рабовите на книгата
остави го
на столот времето
износи ги
алиштата на денот
остави го она што започнува
денот еден друг
ден и ноќ, креветот
остави го телото
блиску до телото
љубено
непотчинето
стави ги таму твоите раце
книгата меѓу нив
на масата
острицата на ножот
не барај го северот
во некое друго тело
остави, одмори ти
ти не си
ни почеток
ни крај
ти не си
ни лулка ни гроб
остави и пак стави ја
скалата потпрена на ѕидот
ѕвездените ќерамиди на небото
трперливо чекаат
паузирај и одмори
тишина на самогласките