Уште откако Мајка закачи слика во детската соба
Со Ангелот Чувар
Се прашуваше
Како изгледал
И дали навистина би те заштитил
Додека чекориш по тесната даска
Над амбисот …

Можно ли е никогаш и да не си го видел
Во мрачните мигови од животот,
Зашто пердувите му се црни?

Порано му го чувствуваше само здивот.
Лесен снег од црешовите градини.
И иако паѓаше како во оџак,
Знаеше дека нема да завршиш толку црн.

Те задржа за јаката и те извлече оттаму.
Таму, каде што се тетеравеше, каде што се заниша
Ќе те истуркаше, ти пикаше зборови во устата,
Иако можеби и не беше Божја волја.

Повторно и повторно погледнуваш зад песната.
Сенката на светлината…повремено препека во мракот.
Два очи, како оние на мајка ти
Кога го закачи во детската соба

Сопствениот портрет…