Пената на брановите јачеше…. Уплашениот песок
Беше само шепот низ ноќта.
Кажи ми драга, што сакаш вечерва:
Ѕвезда од небото или поетски стих?

Или сакаш да се нурнеш во пената на брановите
И да се виориш во свечениот валцер.
Твоите галовни, љубов полни прсти
Вртлог нежности ми даваат.

Ми носат топлина, благо треперење и здив,
Некаква смеса од најслатки сништа.
Трага од небесата врз ширината на водата
И секој допир во сеќавање ми останува.

Брановите се тркалаат еден во друг –
Длабока ноќ и небо, и море и првороден сон.
И трепет во воздухот и душата моја
Срамежлив лет од мисли.