Внатре, на најдалечниот крај, нешто наликува на љубов. Мислам, еден многу млад маж на дваесетина година прегрнува една млада девојка на дваесет години или така нешто. Нешто личи на светлина или на полусветлина. Има лесна музика за оној кој ги приближува усните до младата љубовница на дваесетина години или така некако. Внатре, мислам во најдлабоките области на моите сеќавања, дури и денеска, остануваат фрагменти на истата сцена: мекиот џез, шепотењата, прегратките, бакнежите, ветувањата, и прстите што се преплетуваат со другите. Бев младич што се плаши од темнината, а таа се плашеше од светлото. Ме носеше до места сè подлабоко внатре, меѓу светлината и темнината. Келнерот доаѓа и таа порачува топло чоколадо, јас чаша бело вино. Таа го става палтото на фотелјата. Јас ја ставам раката нa деловите кои поттикнуваат желба. Џезот станува постуден во рацете на музиачите. Светлината се спушта, таванот се дига, фотелјата паѓа, нејзиното палто паѓа, паѓа и топлото чоколадо и моето бело вино…

Надвор врне. Питачи. Ќебапчиња. Групи туристи. Мирисот од Мекдоналдс… и еден оглас за Вијагра.

Според англискиот превод на Доминик Меж