Кој не помислил, „Земи ме со тебе“,
слушајќи како ветрот како поминува?
И бидејќи бива оставен, продoлжува
со сопствената верзија за времето
на земјата, семе што паднало овде за да умре
и да се роди како нешто ветено
во еден сон
секоја клетка од него сонуваше главечки
уште од детството, за што послужи секоја обична минута.
Двапати роден, има две мајки, една која умира, и друга
малтерот во кој е прекален. Негoвата двојна
природа му го расцепува окото, му го разделува гласот.
Па ако го слушнеш да каже, додека седи на креветот
на едната мајка „Носи ме дома“,
слушни подобро. На животот,
му вели, „Чувај ме при срце“