Толку многу непрочитани дела
толку многу непроспиени часови
зашто се плашам од сонот
и зборот што може да донесе штета на животот
Но книгите чекаат
отворени на утринската светлина
зашто кога се будам
всушност сонувам и животот може да се исполни
И не избирам самотија поради пораз
туку поради страст, и нема ни ден
кога заборавам на самотијата
или ја издавам страста