1.
Влегувам понекогаш меѓу гробиштата
за да ја обиколам линијата на видикот
Мебелот на смртта како спие
Дали саканата го распоредила заборавот
Дали вљубените го поделиле гнилежот на вечноста
Понекогаш влегувам меѓу гробиштата
Сликите на фотогеничните мртовци ги гледам
Проверувам дали им работат
ситата под срцата
Дали во устата им мирисаат цвеќињата
Понекогаш влегувам меѓу гробиштата
Никој нема да ми ја открие тајната
зошто белиот мермер ги чува сенките
зошто од спомените го прават црниот камен
Понекогаш излегувам од гробиштата …
2.
Носам две шишиња со пиво
како градите на мулатката
како туристичката сезона на боговите
Ја вдишувам лепрата
песната на двоножниот ветер ја издишувам
Во проклетата авлија на зборовите
како нежен незнајко живеам
Понекогаш излегувам од себеси – класика
Се што ме потсетува
на бессознанието ќе прочитам
Гнилежот на мојот јазик ќе го оставам
во небесната читанка
Во живиот песок на мртвите поет
ќе се вратам
Се чувствувам како труп…
3.
Песно
вечно што ги оrледуваш
копнежот и времето
во црната пена на небото
Ова не се трпи
Ова не се пее
Препев oд црногорски јазик: Cлaвe Ѓ. Димоскu