Десет илјади километри дневно
транссибирската железница
поминува
од Москва до Владивосток, во Сибир.
Живееме во ист град и
секој ден патиштата ни се вкрстуваат на улица
но нашата средба е поладна од
студената сибирска ноќ
а никој сè уште
не изградил
транссибирска која води до тебе.
Превод: Никола Ѓелинчески