Почнавме да излегуваме во есен
И иако ми умре кучето
Бев вљубен

По три месеци
Се роди вошкосано дете
Рембо, un poete maudit
И неговиот опсесивен пример
Беше да се затемни
За да гледа

Ти јасно не можеше да го поднесеш мирисот на абсинт
И кога пиштолот се појави во нашата спална
Беше време да го оставиме него понастрана

Се променив во мајстор на самозадоволството
Сите желби ги воздивнував внатре
А она што го издивнував беше чисто сожалување
ùÙсудев на приврзаноста на мразот од пролетно езерце

Да беше љубовта лист, а не дрво
Би можела да се голтне цела
Но наместо тоа ти реков:
„Листот на љубовта не постои“
И, ох, ти го мразиш Рембо

Превод: Ана Топнчарова