ти, душо што ја уништи единствената форма
која можеше да те насели
ти, која ја негираш среќата
која извира од тиumната на откривањето
слушни! слушни! – последниот крик на хармонијата
се губи во ноќта
започнува плачот на каменот
зашто сакаше да ја победи rравитацијата
нерамнотежата на едно невреме
го мачи нашиот дух
конечно, ти, И пркосиш на
целата вистина
отворајќи еден нов пат –
посипан со ѕвездена прашина,
обележан со името на нашите предци
од којшто ние никогаш нема да знаеме
како да се преродиме
плачи и биди среќна сега
зората наближува
се отвора нов премин
кон враќање во минатото
кон годината 2083 извикната од едно
„Јас никогаш не верував дека ќе научам да умрам”
сега
кога зората наближува
мигот ја обојува сегашноста
ја раскинува ткаенината на мојот сон.
Превод: Надица Николоска