***
Човекот е најинтересен на почетокот.
Токму затоа е најзадоволен како дете.
Историска личност може да рече на друга личност дека токму сега почнува, но
кога е тоа всушност.

Еден војник е војник во едно време но чевлар во друго.
Се надевам дека е најнапред чевлар, потоа војник, потоа гине во војната. Не, да
се надеваме дека е војник, потоа гине во војната, потоа преживува и станува
чевлар.
Сите земји се важни, само не истовремено.
Франција беше важна, но дали е важна сега. Не.