Анахронично
сонце
кај зимските
пеперутки
кај неописливата
арома на фрезиите

Сива влажност
на Буенос Аирес
до неиздржливост
ниски куќи, решетки на прозорците, расцветани билки
комунарди, низ сиот живот,
среќа на домот.

Луѓето во реклами
за пити, вина или душеци
танцуваат патетично на крстосниците од авениите
на цик-цак шините од животот
но
едно понижување плус
што му прави на тигарот.

Ритуали на пишување и концентрација
Рано или доцна станување, чај, кафе, пешачење на едно величестве-
но место
во едно тетратче со молив што масти.
Да се дешифрира неодгатливата
интимност.
Љубовта, асиметрична по природа
влегува во категоријата
на големо одбивање.

Поемата
Едно тело
Земјата

такво е пишувањето