Секогаш знам јас можам – ако сакам – да трубам таму,
да жнеам низ викотниците со свила:
го мерам бликот пред чекорот
и потем го чинам, токму, спротивното.

Би можел да је преминам подмолноста со жестина,
следејќи ги побудите на самотникот во празнотија
низ прооди полни со неприродна темнина
кои згаснуваат во календарските посланија.

Би можел да се ѕверам од работ удолу понорот
љубејќи ја љубовта на оние кои скокаат таму.

Превод од каталонски јазик Наташа Сарџоска