Се навикнав веќе желбите да ги потиснувам
во сините предели на пролетта
Секоја нова сè подлабоко
го полни езерото на душата

Се плашам
ноќе
Другата што дише во мене
да не ја скрши браната

Да гргне
да нè поплави
Матната
полна со светлина