По целата кожа го почувствував,
Благиот галеж на твоите усни,
Под бурната месечева светлина,
Длабоко паѓав во мрак.
Ја почувствував врелината на твоите гради,
Во кршливата самотија на темнината.
Ги почувствував возбудливите трепети,
На твоите прегратки.
Почувствував пламнатите страсти како искрат,
Во твоите светло сини очи,
Почувствував како усните ти се двојат,
Врз моите жедни усни,
За грав,
За бакнеж,
За стисок,
За желба,
За нешто неверојатно,
За допир,
За милување
Ти ги почувствував рацете наоколу,
По моите гради.
Од шепоти,
Низ мракот,
Ги почувствував зборовите: те сакам!
Ја почувствував слободата,
Слободата
Од разгорениот оган,
Ни го покрива постоењето,
Рацете ни се буткаат
Да изградат мост,
Од мирис,
Низ светлината,
Врелината на љубовта.
Мракот трепери од нашите бакнежи.
Вечерва само бакнежи сакам…
Бакнежи!
Зад мраков,
Застани таму, таму, каде,
Нешто непознато нè чека.
Бакнежи, само бакнежи вечерва!
Ги ставам усниве врз твоите,
Како галовен пламен,
Што останува да гори.
Моите сакани усни
Се милувани од твоите.
Топлината на вечноста
Ги носи кон
Империјата на бакнежи.
Вечерва само бакнежи сакам!
Сакам воздух…цветни мириси сакам.
И бакнежи,
Многу бакнежи,
Бескрајни бакнежи,
Вечерва само бакнежи сакам.