πικρο-δάφνη

Неговата слава и фама го досегнаа врвот
кога тој со ловоров венец се овенчал
и постојано на глава го носеше, и покажуваше:
бујна награда за успехот што му останал
и кој во времиња незартени не се пропишуваше.

Штом зеленилото својот раскош го свенува
и победата, вене, и мине,
тој угледот зад себе го губи,
без внимание ниту прочуеност;
безметежната студенокрвност се куди.

Од таа неповторлива апотеоза
се храни себеси и го цеди својот слад:
лижејќи ги лисјата суви – раните –,
на дувлото декадентниот пад.
Од венецот, сал дршката останува.

И со утеха тој само забележува
дека го совладало, далечно и впиено, чемреењето
дека гранката не е ловорова, туку олеандрова,
дека ниту оддишка не му носи јадосувањето
а горчливиот ловор, отровен, убива.

Превод од каталонски јазик Наташа Сарџоска