Не ни прилегаат
деновите, што ни се губат пред очи
деновите, кога молчиме
кога куќата е осамена, одделена
од сите останати
деновите, кога ништо не ни треба
се затвораме зад вратите
небучно си подаваме нешта
ги запираме часовите и
се ориентираме само по самракот и потребата од спиење
така со седмици, пред пак да се разбудиме
и сè е пак исто како претходно

Превод од чешки јазик Драган Георгиевски