Во тој вечен град
највечни се оние мали дуќани.

Папокот божји е таков отвор
низ кој секој својата мака ја извикува

или својот есап, своите ситници
и сите видови на зачин на продавачот.

Мирисот на шафран или сандалово дрво
ме сторија пак човечко битие