Само во туѓата убавина
има утеха, во туѓата
музика и во туѓите стихови.
Само кај другите има спас,
макар и самотијата да има вкус на
опиум. Не се пекол другите,
ако ги видиш наутро, кога
имаат чисто чело, измиено од соништа.
Затоа долго се думам, каков
да употребам збор, тој или ти. Секое тој
е предавство на некое ти, токму
затоа во туѓиот стих верно
чека студен разговор.

Превод од полски јазик Звонко Димоски