(среде правта на зборовите од преданието за Александар Македонски,
и неговата бесмртна вода
– Миладиновци „Зборник на народни песни“)

Водата на бесмртта ja барам

Брег темен што втекува
По картите на мракот

Зборови
Што ве пречекувам
По мојата истрошена снага
Чиј кот сте
Чија загубена азбука

Водата на бесмртта ја барам
Рамнодушни старци
Зафатени од завев служат
Мрак што се вовлекува
Во движењата

Чија загубена азбука допирам
Кој врз мене клава рака
И од мене се оддалечува

Водата на бесмртта ја барам
Среде ова затемнение
Среде ова темно дете
Ликот што од мене го крие
И ме запретува со зборови