Водата е номад кој не се познава
Тече таму каде наоѓа пад
Водата, мудрец сам за себе
Mладост дава на времето

Штом на површината се огледа булка, се бранува длабочината
Никој нема да види дека
Ако булката се допре до нејзината мазна кожа, заладува

Водата е дервиш ослободен од телото, патничка торба полна бои
Ако се протегне, ќе добиеш планина грст по грст
Ако ја допреш, снег ти паѓа на усните

Ако нема вода
Висорамнините се без врата, дервишот е без сон