Тоа е женска работа.
Да растегнат еден беден оброк
Во сиромашна земја, вода
Е потребна да се заврши работата

Додадена во скапата чорба, и во
Оризот, прави да растат.
Со неа нејзините ковчести
Прсти замесуваат тесто.

Тоа се триковите што
Ги научила, да ги дополни работите
Но кога нема доволно вода
Жената мора да се снајде и без неа.

Тој пурпурен камен, лудилото,
Гледаш како ѝ искри
Во грлото? Го носат
Жени во редици, кои чекаат

На пумпите за вода во градот, влечат
Кофи од бунари полни кал
И жена која нема ништо
за своето дете, за себе

Во неа, змијата ја голта
Сопствената опашка, бескрајно, и
Милното злато на нејзиното смеење
Се цеди, сиво, застоено

Кога сè ќе заврши, песната
Е вода во дланките на жената