Роса, роса, копјести лисје низ кои росата
избива и не прекрива,
задоцнетост на тревите на прагот
и лента од очи што налеrnале во росата.
Како да се премолчи росата во грлата, на дното од рибниците,
како да се смири нејзиниот лесен бд
преку ледените шшчки,
како да се изретчи густата ноќ,
што И се противи на росата.
Ноќ во која се заглавени трските, харпуните, јадиците
во згуснат ред, а росата
нема раце.
Роса, роса, како голиштрава птица што испарила
како ли седи во мракот
и гледа во живите светла,
што се губат во долината.
Препев: Дарко Спасов