Убава девојка… и симпатично момче
Нивните испотени дланки разменуваа топка во форма на космос
Викање… завршетоци… радосно смеење… раштркано во бескрајниот хоризонт
Една тажна птица рече: толку се среќни…
Еден пијаница што се тетерави рече: толку се мизерни…
Еден будалест турист рече: толку се разумни
А ти, Рајнер Марија Рилке, што велиш ти?

Кој со кого си игра, ти пророку, предаден на вонсветовното?

Дали овие Орфеј и Евридика со нивната топка
Радамес и Аида
Каис и Лејла
Тристан и Изолда
Арагон и Елса
Или дали се Рајнер и Лу Адреас-Саломе?

Прашината гордо се крева во воздухот?
Водата се истура од восхит?
Свет оган благословува: фала ти семоќен господе
Додека силен ветер се стиснува во утробата на топката од почетокот на времето

Викање… завршетоци… радосно смеење… раштркано во бескрајниот хоризонт
Па кој со кого си игра? Мудро гледаш од италијанскиот балкон
На смрт како ниту една друга смрт
Кој со кого си игра? Ти создавачу на зборови и метафори неможно да се споредат
И поврзаните приказни и сцени.