Се гледам во огледало.
Зрак месечев мил од срцево огреан
на лице ми трепери.
И светот е како на сон.
Некогаш во туѓ сон влегувам
и мечтите ти ги гледам јасно.
Ти ловам миг од сонот,
цвет,
пеперутка,
боја светла,
мелодија,
или здив.
И темјанушка надежна на дар ти носам.

Понекогаш во огледало се гледам,
а пред мене стои ангел.